fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Советот на општина Росоман ја задолжи Комисијата за проценка на штети за седум дена да ги процени оштетувањата од пролетен мраз кај овошките

Целта е соодветен паричен надоместок за оштетените овоштари во Росоманскиот Регион, кој е најголем за производство на праски во државата

Советот на општина Росоман ја задолжи Комисијата за проценка на штети за седум дена да ги процени оштетувањата од пролетен мраз кај овошките.

– Ваков заклучок донесовме на последната вонредна седница. Според првичните согледувања, штети кај овошките има од пролетни ниски утрински температури во март и особено во деновите 8, 9 и 10 април, со минусни температури до минус осум степени, појасни за МИА Маријонка Печевска, претседател на Советот.

Вонредната седница била свикана по барање на група советници.

-Откако ќе ги добиеме проценките за настанатите штети, согласно на процентот на оштетување, ќе ја продолжиме постапката до надлежните институции за прогласување елементарна непогода. Целта е соодветен паричен надоместок за оштетените овоштари во Росоманскиот Регион, кој е најголем за производство на праски во државата, нагласи Печевска.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close