fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Битолско поле“ ја спаси Пелагонија од поплави

Јавното претпријатие за одводнување и одржување на каналската мрежа „Битолско поле“ во изминатите три години во голема мера ги исчисти каналите.Според првиот човек на „Битолско поле“, Стојан Георгиевски, во изминатите три години исчистени се над 300 километри канали во Пелагонија.

За разлика од градот Битола, каде обилните врнежи на дожд од 17 литри на м2 предизвикаа доста големи проблеми и за малку не дојде до вистинска елементарна непогода и да ја однесат пумпната станица на ЈКП „Водовод“, во Пелагонија не предизвикаа некои посериозни проблеми. Причината за тоа е што јавното претпријатие за одводнување и одржување на каналската мрежа „Битолско поле“ во изминатите три години во голема мера ги исчисти каналите.Според првиот човек на „Битолско поле“, Стојан Георгиевски, во изминатите три години исчистени се над 300 километри канали во Пелагонија.

– Нашата активност за редовно чистење на каналите во Пелагонија ги дадоа резултатите. За изминатите три години исчистивме над 300 километри канали низ Пелагонија во општините Битола, Новаци и Могила.

По овие дождови кои паднаа во изминатите два дена единстевни места каде имавме поплави беа во Породин и селата Лажец, Жабени и Велешина, но тоа неа беа некои големи поплави – вели Георгиевски.

Последните поплави кој ја зафатија Битола и Пелагонија покажаа дека единствен спас од поплавите е само во редовното чистење и одржување на каналите и речните водотеци. Тоа најдобро се виде со излевањето на реката Драгор, која во последно време на некои несовесни битолчани им служеше како депонија за складирање на смет и шут.https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B5-%D1%98%D0%B0-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close