fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала до умерена облачност

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според прогнозата на УХМР, утре попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи, а в недела ќе преовладува претежно сончево и топло време.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close