fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: За два месеци над 60 милиони евра исплатени кон 70.000 земјоделци

Во тек е реализација на многу нови мерки, јавни повици, за прв пат обезбедивме платено породилно за жените земјоделки, обезбедивме стипендии за студентите. Лидери сме во регионот по искористеност на ИПАРД и затоа ќе ни бидат доделени нови 98 милиони евра, неповратни средства од ИПАРД 3 Програмата за нови инвестиции, посочи Димковски.

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ беше  со граѓаните на Југоисточниот регион.

Во општина Конче беше претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски, заедно со Мухамед Точи.

Димковски пред присутните истакна дека СДСМ преку своите мерки и политики инвестира во земјоделството, како една од најважните гранки на македонската економија и постојано и неселективно ги помага домашни земјоделците.

– За само два месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци. Во тек е реализација на многу нови мерки, јавни повици, за прв пат обезбедивме платено породилно за жените земјоделки, обезбедивме стипендии за студентите. Лидери сме во регионот по искористеност на ИПАРД и затоа ќе ни бидат доделени нови 98 милиони евра, неповратни средства од ИПАРД 3 Програмата за нови инвестиции, посочи Димковски.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ во Дојран беа Пеце Мирчевски и Вангелија Велева, додека меѓу граѓаните на Богданци беше Маја Манолева.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close