На престижниот светски натпревар на вина розе „Le Mondial du Rosi 2016“, кој ce одржа во Кан, Франција, винарската визба „Тиквеш“ освои два сребрени медали за „александрија куве“ и „розе класик“ од бербата 2015, соопшти компанијата.
Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1.200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија.
„Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на вина розе е дотолку поголемо ако се знае дека најголемиот број наградени вина потекнуваат од најпознатите светски вински региони во Франција, Шпанија и Италија. Во светот на виното, вбројувањето во тоа друштво е најдобрата можна препорака за квалитетот на нашите вина и е доказ дека Тиквеш‘ располага со знаење и технологија кои и овозможуваат да произведе вина со светски квалитет“, вели генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.