fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Средба на земјоделци со претставници од МЗШВ и ФЗНХ по повод Меѓународниот ден на задругите

Мрежата на земјоделски задруги во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска организира средба по повод 3 јули, Меѓународниот ден на задругите.

На средбата ќе присуствуваат претставници на земјоделски задруги, Министерството, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) и Македонската развојна фондација на претпријатија. Домаќин, заедно со Мрежата на земјоделски задруги, е и Земјоделската задруга Преспа АППЛЕ од село Асамати.

Предвидено е да се обратат министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, претседателот на Мрежата на земјоделски задруги, Менде Ивановски и менаџерот на Преспа АППЛЕ, Агрон Реџепи.

-Одбележувањето на овој ден во нашата држава е прилика и придонес за информираност и едукација на јавноста, за мобилизирање на политичката волја и ресурси за решавање на глобалните проблеми преку кооперативниот модел на организирање на фармерите со промоција на социјално одговорен, но и претприемачки земјоделски задружен модел кој ќе обезбеди одржливост и целно ориентиран развој, велат од Мрежата на земјоделски задруги.

Максимата секој фармер – член на најмалку една земјоделска задруга е стратешка цел на Мрежата.

-Уверени сме дека заедничкиот настап преку задругите ќе биде силен одговор на предизвиците и во пласманот и во набавките и во примената на стандарди и добра земјоделска пракса, дополнуваат од Мрежата.

Годинашното мото на Меѓународниот ден на задругите кој се одбележува 27-ма година по ред, е „Да обновиме заедно-да изградиме подобро”.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close