fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Филипче: Не наседнувајте на приказните за правда од оние кои пробаа да извршат убиства во Собранието

д-р Венко Филипче на митингот во Неготино.

Граѓаните да не наседнуваат на лажниот патриотизам промовиран од луѓето во Белата палатасимболот на криминалот и корупцијатаистакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на митингот во Неготино.

„Не наседнувајте на приказните за правда од оние кои пробаа да извршат убиства во Собранието, за да не дојде до промена на власта. Не наседнувајте на лажните патриотски приказни на оние кои имаат резервна татковина, за кои патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолацијаТоа не е патриотизамтоа е алатка за замајување на граѓаните“, истакна д-р Филипче.

Филипче побара одговор зошто сега на ДПМНЕ не му пречи Приштинската платформа а потроши месеци манипулирајќи ги граѓаните со некаква Тиранска платформа.

Каде се сега истите тие кои ве плашеа со некакви странскитирански ПлатформиКаде се сега кога ДПМНЕ најавува коалиција со партиите кои се построија во Приштина и од таму праќаат политички пораки? Или сега Приштинска платформа не им пречитуку ја повикуваат во коалиција?“, праша Филипче.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close