fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ССМ: Владата од удобните фотелји гледа розов свет, а работниците стануваат посиромашни

Претставниците на Владата од нивните удобни фотелји во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс – реагираат од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците, оти во услови на криза не презема мерки, и како што нагласува, без оправдани причини не овозможи зголемување на платите, односно нивно усогласување со минималната плата.

Владата, велат од ССМ, ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат. Во изминатиот период, според Синдикатот, Владата немала слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, таа, како што нагласуваат од ССМ, одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата.

– Претставниците на Владата од нивните удобни фотелји во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс – реагираат од ССМ.

Работниците работат, нагласуваат од Синдикатот, а се сиромашни и не можат да си ги прехранат семејствата. Тие работат, велат од ССМ, но никој не им го цени трудот.

– Додека државната каса се полни од даноците кои поради зголемените цени се слеваат во државната каса, работниците и граѓаните се мачат да излезат на крај со енормното поскапување, а зимата уште не е ни блиску. Без постоење на реални и оправдани причини, Владата постапува спротивно на Уставот во кои е уредена обврската за почитување на правото и законите и целосно функционирање на правната држава, Владата не постапува согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување односно усогласување на платите за најмалку 2.806 денари на сите вработени во јавниот сектор и на тој начин да го амортизира ударот од ценовните шокови кои ги доживуваат работниците секојдневно – се вели во денешната реакција од ССМ.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close