Д-р Нико Беќаровски-никој нема да има здравствени проблеми од вратените пиперки од Хрватска
Да бев премиер на МК вратениот контингент пиперки од Хрватска бесплатно ќе го разделев на социјалните слоеви на граѓани
Откако Хрватска врати македонски пиперки од извоз заради отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди а АХВ најави дека ќе ги уништи по тој повод, се огласи доктор Нико Беќаровски, еден од најпознатите токсиколози во земјава.
Вратените „отровни“ пиперки
Formetanate hydrochloride, попознат како Carѕol 50, Dicarsol 10 итн е инсектицид од групата на карбамати кој се уште регуларно се користи во голем број на држави и кој при акутни труења (намерно пиење, или акцидентно при прскање) предизвикува иреверзибилна инхибиција на еритроцитната холинестераза.
Конзумирањето на пиперките кои се вратени од Хрватска, поради траги од присуство на овој карбамат е исто толку штетно колку и јадењето на било кој друга пиперка, прскана со било кој друг пестицид.
Секако дека долгогодишно конзумирање на производи третирани со ист пестицид, па и со овој, може да дадат последици по здравјето, но и кај земјоделците кои користат пестициди постои “мода” па обично секои неколку години се користи нов пестицид.
Одлуката на Хрватска е во согласност со регулативата на ЕУ, која пред сѐ служи за заштита на економските интереси на ЕУ и нивното производство со нивни пестициди.
ТВРДАМ ДЕКА НИТУ ЕДЕН НЕМА ДА ИМА АКУТНИ ИЛИ ХРОНИЧНИ ЗДРАВСТВЕНИ КОМПЛИКАЦИИ ОД ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА НА ОВИЕ ПИПЕРКИ.
ВСУШНОСТ МНОГУ Е ВЕРОЈАТНО ДЕКА ПИПЕРКИТЕ КОИ СЕ ПРОДАВААТ НИЗ НАШИТЕ ПАЗАРИ СЕ СО МНОГУ ПОГОЛЕМА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА РАЗНИ ПЕСТИЦИДИ“, напиша Беќаровски.
https://www.facebook.com/niko.bekarovski/posts/10227388412609511?ref=embed_post