Агро бизнисБез категоријаВести
Скокна цената на „велигденското“ јагне за жива мера
300 денари по килограм жива мера.
Со приближувањето на еден од најголемите христијански празници Велигден, цените на јагнињата на домашниот пазар значително пораснаа, достигнувајќи до 300 денари по килограм жива мера.
Сопствениците на фарми за јагниња изразија оптимизам во однос на продажбата оваа сезона, иако потрошувачите се соочуваат со поголеми трошоци.
„Оваа година нудиме јагниња со одличен квалитет, со тежина од 20 до 30 килограми, по цена од 300 денари за килограм“, ни изјави сопственикот на една локална фарма пишува https://denar.mk/