fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Планираното даночење на каматите на штедните влогови ќе предизвика голем револт кај населението, вели професорот Трајковски

На луѓето им е смачено од камата на депозитите под 1 отсто, а на кредитите над 4,35 отсто. Нека размислат два пати пред да ја направат и оваа беља“, пишува Трајковски 

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола предупредува дека планираното даночење на каматите на штедните влогови ќе предизвика голем револт кај населението и ќе им негативни ефекти, односно би довело до повлекување на депозитите, дотолку повеќе што каматите на штедните влогови и онака се многу мали, наспроти оние на кредитите што ги даваат банките.
„Во македонските банки лежат 7,49 милијарди евра штедни влогови, со просечна каматна стапка на депозитите од 0,71 отсто.
Годишната камата на сите депозити би изнесувала 7,49 милијарди евра х 61,8 ден/евро х 0,71 отсто = 3,29 милијарди денари.

Прибраниот персонален данок, по стапка од 10 отсто на овој каматен износ, би изнесувал 329 милиони денари, односно одвај 5,3 милиони евра. За тие пари не може да се купи ниту еден германски тенк Леопард 2А6 што чини 6,7 милиони евра, какви што веројатно ќе не тераат да купуваме утре.

Оданочувањето на заштедите нема да помине без револт кај населението и повлекување на депозитите, особено при сегашните рекордно ниски номинални каматни стапки, односно негативни реални каматни стапки поради високата инфлација. Башка што на луѓето им е смачено од камата на депозитите под 1 отсто, а на кредитите над 4,35 отсто. Нека размислат два пати пред да ја направат и оваа беља“, пишува Трајковски
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close