fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тренчевски од Блатец се најголеми производители на јагоди и малини во регионот

Годишниот род надминува 20 тони, а нивната идеја за замрзнување, пакување и брендирање на сопственото производство полека станува реалност.

Семејството Тренчевски од Блатец се најголеми производители на јагоди и малини во регионот.
Годишниот род надминува 20 тони, а нивната идеја за замрзнување, пакување и брендирање на сопственото производство полека станува реалност.
Во остварување на зацртаното, значителна охрабрувачка улога има и МЗШВ од чија програма за неживотинско потекло Наум Тренчевски доби грант од 10 илјади евра за набавка на најсовремен систем за мрзнење на јагода со капацитет 450кг/1 час.
Оваа инвестиција му дава додадена вредност на основното производство и ветува понатамошен стабилен развој на овој мал семеен бизнис.
Им посакувам многу успех на нашите денешни домаќини и се надевам дека блатечката јагода наскоро ќе биде сеприсутна во локалните продажни места, Објави Никица Баќовски директор на Платежната агенција.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close