fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во штипско дивите свињи се повлекуваат во планина, но има наезда на лисици и волци кои почнаа да прават штети

Митре Младенов од Лакавица вели дека секоја година преку лето кога е во ек земјоделското производство диви свињи им го пустошат родот.

Во последно време во Штипско сè поголема е наездата на дивеч, пред сè на лисици и волци, кои во потрага по храна почнале да се спуштаат кон населените места, велат земјоделци и ловџии кои сè почесто почнале да имаат блиски средби со нив.

Митре Младенов од Лакавица вели дека секоја година преку лето кога е во ек земјоделското производство диви свињи им го пустошат родот.

„Минатата година дивите свињи на неколку декари ја сотреа пченката, а на иста површина го уништија родот со тикви, краставици и слично. Оваа година кај мене штетите се помали, но не и кај некои наши соселани кои исто така имаа големи штети“, вели Младенов.

Митре Митрев, кој има овошни насади во штипско, вели дека секогаш кога престојува во неговиот овоштарник забележува како по полето во негова близина се движат лисици, па во последно време и волци.

Негови пријатели од селото Врсаково исто така зборуваат за сè поголема присутност на волци, кои ги меркале трлата во регионот, но и на лисици кои пак се спуштале и до самите куќи во населените места каде има живина.

„Во мугрина сум видел повеќе лисици кои се приближуваат кон куќите посебно каде што има кокошки. Јас не чувам, но мои комшии почнаа да се жалат на лисиците кои имале обиди да им ја нападнат живината што ја чуваат. Затоа, тие почнале со обновување на заштитните мрежи на кокошарниците, па и заштитните огради на нивните дворови“, вели Миланчо Николов кој во селото Врсаково има овошен насад и украсни дрвја.

Пензионерот Ангел Донев, кој во околината на Штип има свој имот и мини фарми со кокошки и за гулаби вели дека и кај него е присутна појавата на лисици, но во последните денови навечер се слушаат како во близина завиваат чакали. Но, сепак тој најмногу се плаши од соколите кои досега со прелет му однеле повеќе кокошки и гулаби.

Сè поголемото присуство на волци и лисици во овој период го потврдуваат и ловџиите во Штип кои се присутни во сите ревири во регионот. Велат дека планираат поголема заштита од штетниот дивеч, најмногу од волците и лисиците кои како да се подготвуваат за зимскиот период да дојдат до храна напаѓајќи ги стадата и живината пред се во планинските населени места. Извор  https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close