fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Станкоски-Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

Досега се откупени близу 9 000 тони тутун.

Тутунарите да прифаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават, порачува Државниот земјоделски инспекторат кој постојано е на терен при откупот на тутунот од ланската реколта.

Според директорот на Инспекторатот, Јане Станкоски, откупот ја нема посакуваната динамика. Досега се откупени скоро 9 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.

 

Инспекторатот ги повикува компаниите да ги потпишат анексите и да се заокружи откупот што официјално трае до крајот на овој месец.

 

-Досега се откупени близу 9 000 тони тутун. До нас нема стигнато официјален приговор за неправилности. Има пријава до Инспекцискиот совет, но од анонимен тутунар дека една откупна фирма понудила анекс, но ние тој анекс не можеме да го видиме. И се е на збор, а на тоа не може да дејствуваме. Тутунарите официјално нека пријавуваат, не мора ситуацијата да биде за Инспекторатот, туку и за други институции, на пример полицијата за лажни ветувања и доведување во заблуда. На откупувачите им порачуваме да ги склучат тие анекси и да заврши откупот на тутунот. Само една фирма склучи анекс за зголемување на цената на 365 денари. Значи мое да се зголеми. Од почетокот на откупот немаше дебата, комуникација меѓу откупувачите и тутунарите, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Станкоски е категоричен дека нема да се дозволи каква било манипулација со тутунарите.

-Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите. Тутунопроизводството е значајна индустриско-земјоделска гранка, влијае и на девизниот прилив во земјава. Нашите подрачни канцеларии во земјава е отворени и сите тутунари може да се обратат во секој момент, вели Станкоски.

Ваквата ситуација може да влијае на новото тутунопроизводство. И Инспекторатот и тутунарите се гласни за измени во Законот за тутун.

-Со оглед на ситуацијата, тоа може да влијае на новото тутунопроизводство. Затоа мора да има законски измени и за процесот на производство, преработка, за цените и правата на тутунарите. Но за тоа е потребно да се седне на заедничка маса, првенствено на производителите и откупувачите. Можеби таква можност ќе има во април кога е Конгресот на тутунарите и тутунопроизводството, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Официјално, откупот на тутунот законски ќе трае до крајот на февруари. Ланската реколта се проценува на 13 000 до 15 000 тони што е преполовување на производството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close