fbpx
ВестиТоп вести

„Старата гарда“ сточари го белее образот на овчеполци

 

Овчо млеко, овчо сирење и кашкавач, овчеполско јагне и уште многу други производи што потекнуваат од Овче полскиот регион им се заканува опасност од изумирање. „Старата гарда“ сточари ја има најголемата обврска да им го обели образот на овчеполци. Се’ повеќе се намалува бројот на стадата овци. Проблемите со кои се соочуваат сточарите се напластуваат. Младите не сакаат да се занимаваат со оваа дејност во вакви услови. Решението често го бараат на нови дестинации.

Данче Наков е сопственик на приватната сточарска фарма ИЗ Пирифан сместена во срцето на овче полието. Не може туку така лесно да се откаже од она што значи традиција, корени што влечат од дедо прадедо. Стадото му брои 700 овци и околу 20 кози. Во разговорот со Зелена берза проговори за проблемите со кои се соочуваат сточарите од овој регион. Инфраструктурата во регионот е истата од 19 век објаснува Данче.

„Најголем проблем во работењето ни се пристапните патишта до фармите, тоа е до локалната самоуправа и до владата. Фармата ми е стационирана во  село Делисинци и во 21 век уште немаме пат до таму, а да не зборувам за другите инфраструктурни потреби, како  канализација и други работи. За жал нема разбирање како од локалната власт така  и онаа на централно ниво. Друг проблем со кој се соочуваме е  работна сила. Субвенциите пак се трета работа. Владата  и од министерството  немаат слух за нашите сточари, конкретно со овчарите во делот на субвенционирањето, никој не сака да работи овчар, мали се сумите што ги добиваме“, објаснува Данче Наков.

Сточарите сметаат дека се ниски субвенциите  како за млекото така и за  јагнињата. Момнетално за женско јагне државата им дава по  700ден, а за млеко е 3,5 ден/литар предадено во млечните индустрии. Исто така ниски се и откупните цени на јагнето посочува Наков.

„Цената на јагнето се движи до максимум 140 ден што е  под границата на минимумот. Порано сме достигнувале цена и од  220 ден/кг за божиќните празници кога јагнето се извезувало. И сега  90% од јагнето  оди за извоз, но малку по малку оваа традиција  кај нас се губи. Има интерес на  италијанскиот  и   хрватскиот пазар. Се пројавува интерес  нешто и за арапскиот свет, но таму се бара  живо јагне, а  во тој дел имаме проблем. Изгледа има монопол на трговците. Во кланиците, се уште не даваат да се извезува живо јагне, од кои причини не знаеме“ објаснува Наков за Зелена берза.

За сега немаат проблем сооткупот на млеко и цената се движи од 33- 36- 38 ден за литар возависност од периодот од годината.

Сточарите од овој крај сметаат дека треба да се направи промена и во земјишната политика. На сточарите им е потребна земја за да може да одгледуваат храна за стоката. Токму затоа  кога се дава земја под закуп сточарите треба да имаат предност, велат тие.

Данче раскажува како имал прилика да посети фарми во Грција, Унгарија , Италија, видел други искуства , но засега тоа што го видел таму уште не може да го примени.

„За моето стадо на  пример ми требаат 50 ха земја,  систем за наводнување ,за производство на  кабаста, зрнеста храна итн.За сега се снаоѓаме, дел од наше производство, дел купуваме, но пак ќе речам  оставени сме на милост и немилост“ вели Данче Наков сточар од Св Николе.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close