fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Старата селска архитектура во Белица!

На источните падини на Илинска планина

Во крајниот јужен дел од Кичевската котлина  на источните падини на Илинска планина се наоѓа селото Белица. На надморска височина од 760 м. селото е  опкружено  со дабова и борова шума низ кое тече Беличка река. Богате со  историја и прекрасна природа во која ако ја посетите ќе уживаат сите сетила. Чистиот воздух, надополнет со жуборот од реката, цвркотот на птиците и прекрасните пејзажи не оставаат никого рамнодушен. Прво што ќе ви дојде на ум дека има идеални услови за развој на рурален туризам. Пријатната умерена континентална клима во голема мерка тоа го дозволува. Има слична судбина како и други села во Македонија. Од село полно со живот, сега е напуштено и во моментов постојано живеат дваесеттина жители.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close