fbpx
Вести

Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги префрлат на паша на повисоките делови.

Пчеларите од штипскиот регион годинава повторно ќе бележат ниски приноси на медот во споредба со подобрите години, но и со приносите на медот на пчеларите од останатите региони во Источна Македонија.

Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги префрлат на паша на повисоките делови.

– Приносот на мед е од седум до осум килограми во просек од пчелно семејство во ниските делови. Во споредба со лани имаме некое подобрување, но не е како поранешните години, кои беа многу добри. Имавме и просек, односно не беа под 20 или 30 килограми од пчелно семејство – рече Толев.

Тој додава дека има и реакции од пчеларите за цената која, како што рече, ја урива увезениот мед. Бараат инспекциите да излезат на терен за да го испитат квалитетот и потеклото на медот, кој се продава по цена од 190 денари.


 

слободен печат

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close