Ставени во функција дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила
Со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, Министерството за земјоделство ги стави во функција дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила, информираат од ПЕ на МЗШВ Битола.
Земјоделците од овие општини може во овие канцеларии да поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. До крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.
-Системот е отворен и барањата се поднесуваат електронски. Со цел да се заштитиме од непредвидената ситуација со COVID-19 и да го намалиме контактот со земјоделците, препорачливо е оние земјоделци кои знаат пријавувањето да го направат од дома. Сите останати да се обратат во канцелариите на МЗШВ во Битола, Новаци и Могила. Поднесувањата на барањата ќе се поднесуваат лично, по адреса на лична карта. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето, информира Методија Илиевски од Подрачната канцеларија на МЗШВ во Битола.
За дополнителни информации сите земјоделци можат да се обратат на:
- Телефонскиот број 047/237-419
- Електронаска пошта bitola@mzsv.gov.mk
Крајниот рок за пријавување на субвенциите е 31-ви јули 2020 година.