Вистинско време за зарежување на розата!Еве како да го направите тоа!

(Oвој напис е објавен на: March 5, 2019)

Стручниот советник, дипломираниот инжинер Владимир Милутиновиќ, ве советува како и кога да ги режите розите и кои работи околу нив се задолжителни три пати годишно, како и во текот на летото, но и пред почетокот на зимата и појавата на првите снегови!

Розите се зимзелени грмушки кои во умерено континентални услови, во текот на зимата, исфрлаат листови. Презимуваат без поголеми проблеми, дури и кога температурата ќе се спушти над десет степени под нулата. Понекогаш се случува да дојде до замрзнување на врвовите или на поголем дел од растението, но по правило растението се регенерира и продолжува со вегетацијата во следната сезона.

Работите кои се одвиваат околу одржувањето на розите се сведуваат на 5 важни чекори:

  • неколку закопувања во текот на годината
  • редовно заливање, посебно во топлиот дел од сезоната
  • заштита на растенијата од штетници и болести, со пестициди
  • прихрана со органски и минерални ѓубрива и секако
  • правилно режење

Розите се режат три пати во текот на годината:

  1. Пролетната резидба се врши во февруари, кога е потребно да се одрежат сите изданоци на висина од десет сантиметри, притоа водејќи сметка да постојат барем две – три здрави пупки кои ќе дадат нови гранки.
  2. Летна резидба, од мај до септември го претставува режењето на прецветаните гранки, но не само со цветна дршка, туку зависно од големината на растението, потребно е да се скратат и гранките без цвет за десетина или повеќе сантиметри, а кај изразито бујните сорти и цел метар.
  3. Есенската резидба се одвива во текот на ноември, веднаш после првите мразеви и претставува само делумно отстранување на гранките на розата. Тоа значи, дека потребно е да ги одрежите големите завиткани или оштетени гранки, кои поради снегот би можеле да се скршат. Некогаш, потребно е само корективно одрежување на делови од растението, како би можело да му се пријде при есенската обработка или закопувањето, со цел растението обилно да се загрли со земја или компост. Освен тоа, потребно е да се стави околу секоја роза една шака минерално ѓубриво од формулацијата NPK 8-16-24 и лесно да се прекопа. Доколку временските услови дозволуваат, потребно е да се одберат убави и суви денови и розите да се попрскаат со заштитно средство на база бакар – оксихлорид, кој спречува појава на црна пегавост на листовите на почетокот на годината.

 

Зелена берза

Share Button