fbpx
ВестиСовети

Билка која носи заработка од 3000 евра

Во соседна Србија е популарно одгледувањето на лековити билки, а меѓу нив најзастапен е белиот слез.

Оваа билка е дефицитарна на пазарот во Србија и носи добар приход.

Тој се продава за 850 динари по килограм, а мал е бројот на луѓе кои оваа билка ја одгледуваат на големи површини.

Проблем е тоа што има многу работа и е потребно рачно работење.  За почеток доволно е да се засади на површина од половина хектар или хектар. Еден работник дневно може да набере 4 до 5 килограми слез.

Ако сами работите и не плаќате работници ќе заработите 3000 евра од бел слез.

Белиот слез успева во почва со песок или онаму каде има глина.  Едно растение може да роди 300 до 400 грама слез, односно 1000 килограми по хектар.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close