Оваа билка може да го замени кафето, а покрај тоа е и многу здрава

cikorija

Овие цветчиња сигурно сте ги виделе низ парковите и полињата – растат како коров, а вниманието го привлекуваат со својата необична нијанса на светлосина боја. Многумина денес не се ни сеќаваат дека токму од цикоријата не така одамна се правело одлично бело кафе.

Цикоријата е здрава билка која веќе со векови се користи како природен лек. Ги ублажува проблемите со варењето, вклучувајќи ја и киселината, бидејќи содржи од силниот пробиотик инулин.

Исто така, го намалува нивот на лош холестерол во крвта, па со самото тоа го намалува и ризикот од појава на срцеви болести.

Има антивоспалителни својства кои делуваат на намалувањето на болки кај артритисот, а помага и при слабеењето.

Оваа билка е и добар седатив, па се препорачува на оние кои имаат проблеми со спиењето.

Покрај тоа е и одличен извор на минерали и витамини, а содржи и цинк, магнезиум, манган, калциум, железо, фолна киселина, калиум и витамини А, Б6, Ц, Е и К.

Како замена за кафето се користи коренот од цикорија, додека листовите се специјалитет во кујната ширум светот, иако вкусот им е прилично горчлив.

Се кориси во италијанската, шпанската, грчката и турската кујна. Во Италија најмногу се користи како додаток во тестенините, а во другите кујни оди во комбинација главно со месото.


 

денар.мк

Share Button