fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Што е подобро да се користи за наводнување, бунарска вода или дождовница?

Постојано се прашувавме дали нашата вода за наводнување е подобра од дождовницата или дали дождовницата е подобра од бунарската вода.

Водата во бунар содржи растворени соли на различни минерали, чии количини и присуство зависат од составот на подземните карпи низ кои минува водата и варира од локалитет до локалитет. Спротивно на тоа, дождовницата и другите атмосферски врнежи се слаби во минерални раствори, но затоа се побогати во однос на присуството на растворени гасови, O2, CO2, SO2, каде што некои од нив, со растворање во вода, произведуваат благи киселински раствори, на пример со растворање на CO2 за создавање на јаглеродна киселина. Ако нивното присуство е поголемо, паѓа таканаречен кисел дожд.

Во студиите, во кои се испитува влијанието на изворите на вода врз приносот, како тест растение се користеше пиперката одгледувана под услови на стаклена градина, станува збор за хибриди на Сесил Ф1 и Бјанка Ф1. Вкупно од растението изнесуваше 30000 по акр, испитувањето беше проследено во 3 години. PH вредноста на водата на бунарот била 8,32 додека дождовната вода била повеќе кисела со pH во опсег 6,0 до 6,5, EC (електрична спроводливост) на водата на бунарот бил 2,48dS / m, а вредноста на дождовницата на EC била во опсег 0,13 до 0,25 dS / m. Оваа варијација на дождовницата потекнува од варијацијата на составот на атмосферскиот воздух во однос на присуството на гасови и честички од прашина. Гледано во целост, содржината на минерали беше поголема во бунарната вода во споредба со дождовницата, што резултираше во поголема вредност на EC или електрична спроводливост. Така, натриумот во дождовницата беше 0,11 додека во бунарската вода изнесуваше 4,2 mmol / l. Хлорот во дождовница беше 0,29 додека во бунарската вода беше 2,95 mmol / l, а калиумот во дождовница беше 0,03, додека во бунарската вода беше 2,8 mmol / l. Иако имаше повеќе минерали во водата во бунарот, резултатот е неочекуван. Треба да се потенцира дека дождовницата се собирала во лагуни – базени.

 

Валентина Соколовска

 

 

Слични написи

Back to top button
Close