Што ќе се финансира со првата мерка од ИПАРД 2?
Од средината на ноември земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка од ИПАРД 2 огласот. Во него, мерките со кои ќе се кофинансира растителното производство се однесуваат за сите култури, освен за тутунот. Во делот за набавка на механизаија, тракторите кои ќе се купуваат, ќе треба да бидат со моќност од 40 до 100 киловати, а комбајните нема да се финансираат…
Во ИПАРД 2, мерката за растителното производство се однесува за одгледувањето на житарици, индустриски и градинарски растенија, овошните и лозовите насади,трпезното грозје и маслинките.
Во сточарството се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.
Прифатливи инвестиции исто така се и изградба или реконструкцијата на објекти и фарми, оранжерии, складови за чување на храна и храна за добитокот, амбари или силоси.
Пари ќе има и за магацини, ладилници, калибратори и пунктови за продажба.
Ќе се финансира и подигнување на повеќегодишни насади, инвестиции во наводнувањето, вобунари и во ситстемите капка по капка.
Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, а максималната до 1.500.000 евра.