fbpx
ВестиОгласникТоп вести

И нформативни средби :„Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија“

 

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП)  организира  информативни средби кои се во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.

Информативите средби ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:

–           05.09.2018 (среда), 12:00 – 14:00, Тетово во Општинската сала;

–           05.09.2018 (среда), 18:00 – 20:00, Гостивар во Општинската сала;

–           06.09.2018 (четврток), 10:00 – 12:00, Битола во НУ Центар за култура – Битола;

–           06.09.2018 (четврток), 16:00 – 18:00, Прилеп во старата Општинска сала.

На средбите ќе информираме за:

– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и

– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе детали за проектот може да најдете на следната веб-страна: www.zadrugi.mk

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close