fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Што може да се купи во викендот без ДДВ?

Викендот на 10-11-12 октомври  граѓаните ќе може да купуваат домашни производи за кои ДДВ – то ќе им биде вратено за неколку денови. Ова  е мерката 31 што  претседателот на Владата на РС Македонија, Зоран Заев ја најави во четвртиот сет мерки за справување со економските штети  предизвикани од корона вирусот.

 

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мо јДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.

Заев апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалните каси на домашните од странски производи и услуги.

 

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close