Без оглед дали го консумирате со вашите омилени домашни колачиња, можеби со какао или со житарки или, пак, и вие и вашите деца го сакате чисто, млекото игра голема улога во секојдневната исхрана. Но, дали знаете какви сè видови млеко се достапни на пазарот и дали свесно ја избирате масленоста на млекото?
На полиците во маркетите може да се забележи млеко со различен процент на масленост: 3,2%, 2,8%, 0,9%, 1,5%, 3,5%. Изборот е голем, но што точно значи тој процент? Точното разбирање на изборот што се нуди и разликите помеѓу процентот на масленост ќе ви помогнат да одлучите и кое млеко е најсоодветно за вас и за вашето семејство. Количеството млечна маст влијае врз бројот на калории и масти во млекото, меѓутоа сите видови млеко, независно дали имаат ниска или висока масленост, се природно богати со хранливи материи и се категоризираат во здрава исхрана.
Оттука, првенствено е неопходно да разберете дека секое кравјо млеко ги содржи истите есенцијални хранливи вредности, вклучувајќи калциум, витамин Д, калиум,витамин Б-12 и витамин А, а сите млечни производи природно содржат и млечни протеини што помагаат во градењето цврста мускулна маса.
Што е млечна маст и како се редуцира?
Процентот на млечната маст се однесува всушност на количеството масти во млекото, според неговата тежина. Така, ако млекото, да речеме, има 3,2% млечна маст, тоа значи дека вкупно 3,2% од содржината на млекото се масти. Таа содржина на масти, особено на кравјо млеко, се модифицира со цел да се направат различни производи.
Но, како точно се менува содржината на маснотиите? Некои мислат дека млекото се разредува со вода, но тоа апсолутно не е точно. Всушност, тоа е процес во производството кога сите маснотии од млекото се отстрануваат, а потоа се додаваат во млекото во различни проценти.
Различни проценти на масленост*
Констатиравме дека главната разлика се состои во тоа колку маснотии содржи млекото. На пазарот најчесто среќаваме:
- 3,2%– Доколку сте загрижени во врска со калориите или со поголемата млечна маст, имаме добри вести за вас: експертите се согласуваат дека млекото игра важна улога во здравата исхрана, и тоа во севкупниот контекст на исхраната, внесот на хранливи материи и калории. Тоа содржи 3,2 г белковини, 4,6 г јаглехидрати и 60 калории во 100 г.
- 2,8%–Доколку преферирате помалку маслено млеко, но сепак сте љубители на богатиот вкус, препорачуваме млеко со редуцирана млечна маст во чија вкупна тежина се содржани 2,8% масленост. Содржи 3,1 г белковини, 4,7 г јаглехидрати и 56,4 калории во 100 г.
- 0,9%– некои го нарекуваат и „light“ или нискомаслено млеко што е редуцирано на само 0,9% млечна маст. Најголемата разлика е во однос на калориите, па така ова млеко е за лица што преферираат полесен режим на исхрана. Но, не заборавајте: и тоа ги содржи истите есенцијални хранливи вредности како и сите млека и 3,3 г белковини, 4,4 г јаглехидрати и 38,9 калории во 100 г. И не: не е разредено со вода.
Нови производи на пазарот, за нови вкусови!
Од неодамна на пазарот среќаваме и два нови вида млеко, односно со 3,5% масленост и со 1,5% масленост од производителот Бимилк.
- Битолско млеко 3,5%, со малку поголема масленост од стандардното, е направено за сите оние што уживаат во препознатливиот вкус и богатиот состав од хранливи состојки и ги задоволува и најпребирливите љубители на млекото. Содржи 3,2 г белковини, 4,5г јаглехидрати и 62,3 калории во 100 г.
- Битолско млеко 1,5% има намалена масленост и претставува одличен баланс помеѓу внесот на сите хранливи состојки од млекото, кои целосно се задржани, и намалениот внес на масти. Содржи 3,2 г белковини, 4,5 г јаглехидрати и 44,3 калории во 100 г.
„Испијте“ го вашето здравје!
Избирањето вистинско млеко за вас и за вашето семејство е прашање на вашите здравствени аспекти и, се разбира, личните вкусови.
Иако во минатото некои истражувања сугерирале да се избере млеко со пониска масленост поради помалиот број калории, сепак постојат и понови истражувања што го побиваат тој став и укажуваат дека консумацијата на млеко со полна или со зголемена масленост не е на ниту еден начин поврзана со никакви здравствени ризици. Изборот е апсолутно ваш, се разбира, според вашите преференции, а ние се надеваме дека успеавме да ви помогнеме да ги разграничите разликите. Во секој случај: не постои млеко што не им е од корист на вашиот организам и на вашето здравје.
*содржината на белковини, јаглехидрати и калории е преземена од палетата на Битолско млеко.
Зелена берза