СТОЧАРСТВОТО во месец јуни
Во месец јуни, млечните раси животни се пуштаат на испаша и се прехрануваат воглавном со свежа трева. Ова не ја исклучува и дополнителната прихрана со концентрирана храна, на која количината и се одредува во зависност од поединечната телесна состојба и млечност на животните.
Голема грешка е праксата пашата на животните да биде во области кои што се во непосредна близина на прометни транспортни патишта. Потребно е да се знае дека тие ја загадуваат животната средина, вклучувајчи ги и растенијата во радиус од околу 100 метри. Во површинскиот слој на зелената маса се акумулира олово, 3,4 бензспирени и други штетни елементи. Преку млекото од молзните животни, оловото стигнува до човечкиот организам. Со кумулативен ефект, се акумулира првенствено во коскената срцевина и доколку се наталожи во одредена количина, предизвикува тешки оштетувања на крвните садови и централниот нервен систем. 3,4 Бензспирените се другиот важен загадувач – резултат на блискиот патен сообраќај, кои што повторно преку млекото пристигнуваат во човечкиот организам. Тие имаат канцерогено дејство а и сто така и тератогено дејство – односно ѓи оштетуват човечките ембриони.
Високите летни температури се причина за некои негативни појави во сточарството. Некои поважни од нив се:
– Влошување на квалитетот на млекото. Под одредени услови млекото е идеална хранлива средина за развој на бактерии и други микроорганизми. Тие го разградуваат млечниот шеќер до млечна киселина, а тоа ги влошува технолошките квалитети на млекото. Некои од состојките на млекото имаат бактерициден и бактериостатски ефект кој што се задржува подолго време при пократок период од молзење до ладење, по пониска температура на ладење ( 4-5степени за 36- 40часа), при подобра хигиена на молзење т.е загадување со што помал број на микроорганизми.
– Маститисот кај млечните животни е друг проблем кој што се јавува во текот на летните месеци во сточарството. Најважен услов за превенција е постигнување на највисок степен на хигиена при молзење. При тоа треба да севнимава не само на дезинфекција на вимето, туку и на исправноста и хигиената на молзните агрегати. Мали оштетувања, како и неправилна манипулација при рачното молзење можат да го трауматизираат вимето. Механички повреди на вимето може да бидат предизвикани од грмушки, удар со рогови и сл. Површинските рани се санираат со антисептички средства (пр. Јод тинктура) и со прашок за рани ( најчесто суфатиацол). Длабоките рани треба да бидат прегледани и третирани исклучиво од ветеринар.
– Високите јунски температури се причина за брзото расипување на храната. На свињите и птиците во хранилкитетреба да им се приложува толку храна колку што е доволно за еден оброк. На тој начин ќе се избегнат проблеми како дигестивни нарушувања, намалување на продуктивноста, прејадување и ќе се намали смртността, советуваат од АПРЗ.
ПОЛЕДЕЛСКИ КУЛТУРИ
Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот. Кај пченицата треба да се продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди. Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати.
Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува бербата на раните сорти компир, советуваат од АПРЗ.