fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Заменик-министерот Димковски оствари средба со оризопроизводителите од Кочанско, претстои договор за откупните цени

Заменик министерот Димковски потенцира дека ресорното министерство е на страната на земјоделците, и оти во рамки на законските можности им дава поддршка за покривање на дел од производните трошоци, а тоа, како што рекол, особено е забележливо во оризопроизводството, каде за изминатите неколку години финансиската помош е зголемена за 300 проценти.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска оствари средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион, на која се разговараше за откупните цени и пласманот на оризот, како и за поддршката од државата за покривање на дел од производствените трошоци, соопшти МЗШВ.

На средбата, земјоделците ги повторија барањата што пред неколку дена ги изесоа на протестот и блокадата на патиштата, меѓу кои главен приоритет им е утврдување на најниската откупна цена на оризовата арпа и итна исплата на субвенциите за предаденото производство од минатата година.

Оризопроизводителите ги очекува жетвата на новата реколта, но тие се без средства да ги плататат трошоците за да го приберат произведеното. Затоа, неопходно е веднаш да се исплати финансиската поддршка, односно трите денари за предаден килограм арпа и редовните субвенции за засеани површини. На тој начин тие ќе можат тековно да ги сервисираат своите обврски, односно да обезбедат вреќи, да платат за користење комбајни, превоз и слично, за да можат да функционираат во наредните месеци. Покрај тоа, основен ориентир за определувањето на откупната цена треба да бидат вложените трошоци за производство, потоа пазарот во окружувањето, формирањето референтни цени и берзанските цени. Побараната цена од 40 денари е сосема реална во однос на движењето на цените на берзите. Не може да произведете 100 тони ориз, а да остварите вкупен приход што го има едно лице кое е социјален случај, истакна Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители.

Заменик министерот Димковски потенцира дека ресорното министерство е на страната на земјоделците, и оти во рамки на законските можности им дава поддршка за покривање на дел од производните трошоци, а тоа, како што рекол, особено е забележливо во оризопроизводството, каде за изминатите неколку години финансиската помош е зголемена за 300 проценти.

Денешниот состанок го завршивме со три заклучоци, односно да се формира откупна цена за овогодишната реколта за што, со поддршка од Институтот за ориз во Кочани, ќе се утврди трошковник, односно производната цена. Вториот заклучок е да се видат можностите за што побрзо исплаќање на субвенцијата од три денари за килограм предадена арпа, за што пријавувањето во Платежната агенција беше до 31 август. Исто така, заклучивме дека е потребно да се оствари средба со откупно-преработувачките претпријатија во кочанскиот регион, да ги слушнеме нивниот став, какви се движењето и очекувањата на пазарот. Сакаме да направиме медијаторство меѓу земјоделците и откупувачите за да се стигне до една прифатлива и одржлива откупна цена, што ќе даде можност производството на ориз да остане заштитен белег на овој крај, а одредени мерки што ние би ги дале ќе ги договараме со оризопроизводителтие, истакнал заменик министерот Димковски.

Состанокот со претставниците на откупните претпријатија е закажан за попладнево, по што во наредните денови треба да се одржи уште една средба со земјоделците, на која ќе се изнесат утврдените заклучоци и ќе се бара заеднички прифатлив износ на цената што ќе се плаќа за откупен килограм арпа. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close