fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сточарот Јетон од Доленци има 100 крави од кои 60 педигрирани

Николовски во посета на фармата на Јетон од Доленци

Имав прилика да го запознаам Јетон и неговата фамилија од село Доленци. Тие се занимаваат со сточарство, имаат фарма со 100 крави од кои 60 педигрирани. Јетон преку Програмата за рурален развој има добиено средства со кои има набавено педигриран добиток.
Од оваа 2024 ги зголемуваме субвенциите за женски грла говеда од 4.000 на 12.000 денари.
Ја продолжуваме и мерката кон сточарите во набавка на педигриран добиток, 10 милиони денари по корисник што претставува од 50 до 75 проценти кофинансирање.
Креираме и нова мерка за поддршка во одржувањето на ливадите од 6.000 денари по хектар.
Со право велиме дека оваа година е година на сточарството. Продолжуваме да креираме мерки кои даваат резултати во корист на сите земјоделци, објави министерот Љупчо Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close