Стојкоски апелира до откупувачите да ги покачат откупните цени на тутунот за новата реколта
Стојкоски смета дека според производствените трошоци прва класа тутун треба да биде од сегашните 300 денари за кг. на 450 денари за кг., втора класа од 240 да се покачи цената на 380 денари за килограм, а трета класа од 160 денари на 240 денари за кг. тутун.
Од Асоцијацијата на земјоделци апелираат до откупувачите уште на почетокот на новата реколта да излезат со нови покачени цени на тутунот по класи, да ги стимулираат земјоделците да засадат тутун. Од таму претседателот Петре Стојкоски смета дека според производствените трошоци прва класа тутун треба да биде од сегашните 300 денари за кг. на 450 денари за кг., втора класа од 240 да се покачи цената на 380 денари за килограм, а трета класа од 160 денари на 240 денари за кг. тутун.
„Како Асоцијација бараме од откупните компании наместо да постапуваат нереално и како при последната реколта сиот тутун да го откупуваат во прва класа и да го плаќаат по 300 денар за кг. сега тутунот да го плаќаат и да го вреднуваат по класи, кој како заслужува според реална оценка. Значи тутунарите сакаат меѓу нив да има натпревар кој ќе произведе поубав тутун, а не изедначување. Што е најважно цената по класи да се покачи според производствените трошоци и тоа да биде поттик за земјоделците да посадат тутун на поголеми површини“, вели Стојкоски во изјава за „Зелена брза “.
Анета Блажевска