Стојкоски-Се преговара за цената на пченицата-Трудот на земјоделците никој и не го става во пресметките
Земјоделските здруженија бараат да се востанови практика независна институција, како Институтот за земјоделство или одделни катедри на Земјоделскиот факултет, пред почеток на производната година да ја утврдува производната цена на одделни култури. Тоа велат, ќе им помогне на земјоделците да го планираат производство и приходите.

И од Асоцијацијата на земјоделци сметаат дека е добро на ниво на држава да се формира производна цена на одделни земјоделски култури.
– Идејата е добра и прифатлива бидејќи земјоделците ќе знаат која е производната цена на одделна култура и ќе можат да планираат која култура да ја сеат секоја сезона. Ние и самите знаеме која е производната цена бидејќи ги имаме сите трошоци и работната рака, но кај полјоделските култури кои имаат берзанска цена проблем е што никој не ја прифаќа производната цена во пресметките при утврдување на откупната цена, а трудот на земјоделците никој и не го става во пресметките – вели претседателот на Асоцијацијата Петре Стојкоски.
Според него, во моментов се преговара за откупната цена на пченицата, а каков ќе биде исходот од тоа, ќе се знае пред жетвата.plusinfo.mk