fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стомнароски-Фирмите купуваа тутун по шифри, а не по правилник

Годинава, откупот беше катастрофален поради ниската цена.

Менде Стомнароски од Сојузот на земјоделски здруженија во емисијата „24 анализа“ рече дека ситуацијата на терен е неизвесна и вишокот на тутун смета дека ќе се откупи до среда, освен во оредени места ако остане минимална количина на тутун. Годинава, откупот беше катастрофален поради ниската цена.

„Цената беше ниска, фирмите самоиницијативно воведоа шифри и го купуваат тутунот по шифри, а не по правилник, па на луѓето им ја враќаа првата берба и да се дојде до оваа ситуација да се зема тој вишок. Се надеваме дека до среда ќе се зголеми динамиката и ќе се откупи.“ – вели Стомнароски.

Стомнароски смета дека вина има што во Законот за тутун има пропусти кои мора да се вментнат во законот, за правилникот да се смени и наредната година да нема проблем. Најголемите проблеми биле што минатата година биле склучени договори за 26 милиони килограми а годинава тоа беше намалено на 23 милиони килограми тутун и тоа е голем пресек кој се одрази на самиот откуп вели Стомнароски. Фирмите им пуштиле предлог договори кои тутунарите ги отфрлија и сметаат дека тие договори не се невалидни зошто во секоја фирма има различни цени, а тие барале иста цена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close