Стомнароски-За нас е реално тутунот да не биде под 200 денари за килограм
Од „Сокотаб“ ни рекоа дека ќе се подобри линијата за откупот. Нашите повереници се на сите откупни пунктови и ги следат состојбите, рече Методија Стомнароски од Сојузот на земјоделските здруженија.
Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, поради реакциите на тутунарите и што смета дека не е достигната реалната цена, почна со посета на откупувачите. Вчера беше на средба со најголемиот откупувач „Сокотаб“ од Битола. Најавена им е реална линија на проценка.
– Сите откупни пункта се отворени. Дел тутунари реагираат. Иако линијата последниве денови е подобрена, сметаме дека не е достигната реалната проценка, зашто тутунот е со мошне добар квалитет. За нас е реално да не биде под 200 денари за килограм, но сѐ уште се соочуваме со ниски цени по класи, што треба да се исправи за наредната реколта. Од „Сокотаб“ ни рекоа дека ќе се подобри линијата за откупот. Нашите повереници се на сите откупни пунктови и ги следат состојбите, рече Методија Стомнароски од Сојузот на земјоделските здруженија.
Во земјава се склучени договори за 22.000 тони тутун. Исплатата е редовна, за еден до седум дена. Откупот трае до крајот на март, наредната година.