fbpx
ВестиТоп вести

Стрништата горат, воздухот загаден, никој не одговара!

Стрништата горат, воздухот загаден, никој не одговара!

И покрај тоа што палењето на стрништа е казниво со закон, секојдневно сме сведоци на запалени стрништа низ целата  држава.  Запалените стрништа се потенцијална опасност за предизвикување на пожари. И покрај тоа што надлежните велат дека инспекторите се на терен во потрага на сторителите, до сега  се поднесени неколку пријави, но не е изречена ниту една казна.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Државниот инспекторат за земјоделство активно се вклучени во спречување на масовното палење на стрништа на територијата на Република Северна Македонија, соопштуваат од МЗШВ

Со цел да ја согледа состојбата на теренот и да се запознае со актуелните проблеми на лице место, во посета на Кочани и на средба со градоначалникот Николчо Илијев беше Зоран Шапуриќ, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

„Не смее  да продолжи палењето на стрништата. Јавната свест мора да се подигне и компромис не треба да има – сите прекршители да бидат казнети. Ние нема да отстапиме од намерата да ѝ ставиме крај на оваа штетна појава. Доколку, сите досега преземени мерки не дадат резултат, ќе предложиме измени во законот, правото на субвенции да биде поврзано со не запалени стрништа“ соопшти на средбата градоначалникот Николчо Илијев.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, посочи дека палењето на стрништа е казниво по закон.

Савка Веселинова, државен земјоделски инспектор нагласи дека контролите на терен се засилени, оваа година на лице место имаат откриено вкупно 15 сторители против кои веќе имаат поднесено соодветни пријави.

Сторителите тешко се откриваат, така што не ни може да се изречат казниви мерки. Дали измените на Законските решенија , по теркот на други земји, со кои субвенции нема да добијат земјоделци чии земјоделски површини биле запалени, останува да почекаме.

 

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close