fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Струмичка компанија заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко на хрватскиот пазар

Католичкиот Велигден на оваа струмичка фирма и донесе профит од 1,07 милиони евра за првите три месеци годинава

Јагнињата стивнаа, а струмичката компанија „Кланица со ладилник“ инкасираше 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко на хрватскиот пазар. Католичкиот Велигден на оваа струмичка фирма и донесе профит од 1,07 милиони евра за првите три месеци годинава, објави https://faktor.mk/

Струмичката компанија „Кланица со ладилник“ во првиот квартал годинава направи профит поголем од 1 милион евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на таа компанија за првиот квартал годинава.

Во првите три месеци (читај март н.з.) оваа компанија успеала да оствари извоз вреден 1,5 милиони евра. Станува збор за извоз на јагнешко месо за католички Велигден. Ова е потврдено и во објаснувањето кон финанскискиот извештај, објавено на сајтот на берзата, во кое е наведено дека целиот извоз на јагнешко месо бил пласиран во Хрватска и дека во најголема мерка тоа е за потребите на потрошувачите за католички Велигден.

Официјалните податоци покажуваат дека годинава за првите три месец нивниот извоз пораснал за 51 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Вкупните приходи од продажба на „Кланица со ладилник“ за првиот квартал изнесуваат 1,89 милиони евра и најголем дел од нив се од извоз на јагнешко место во Хрватска. Во структурата на приходите продажбата на друго месо (веројатно продажбата дома н.з.) учествува со 245.000 евра, а од други услуги (за колење) компанијата инкасирала нешто над 100.000 евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close