Струмичките земјоделци бараат државно земјоделско земјиште за производство на храна
Атанас Спасов од струмичко Просениково има само 7 декари сопствено земјиште, останатото го зема под закуп од сограѓани.
Атанас Спасов од струмичко Просениково го наводнуваше засеаниот зеленчук под пластемици. Има само 7 декари сопствено земјиште, останатото го зема под закуп од сограѓани кои не го работат или од иселеници. Вели ако државата распише оглас за распределба ќе аплицира оти основна дејност му е земјоделието.
Асоцијацијата на земјоделци побараа државата да го понуди целото расположливо државно земјоделско земјиште за пченица пченка јачмен. Во струмичко земјоделците што ги контактиравме кажаа дека им е потребно дополнително земјиште.
Од министерството за земјоделство соопштија дека се прават анализи и наскоро ќе биде понудено околу 12 илјади хектари земјоделско земјиште за поледелски култури. Доброупатените тврдаат дека треба да се направи контрола на веќе издаденото земјиште оти не се рабооти