fbpx
Вести

Субвенции не добиле тутунарите кои не доставиле доказ дека ги платиле сите давачки – Тутунарите најавуваат протести

tutun

За да ги добијат заостанатите субвенции тутунарите прво треба да го подмират долгот кон државата.Околу 500 производители сеуште ги немаат земено парите. Немаат платено за воден надоместок, користење на државно земјиште или пашарина. Проблем е и што дел од нив немаат доставено точни податоци информираат од ресорното министерство.

-На 28-ми јули годинава, Министерството за финансии исплати околу 1,5 милијарди денари за субвенции на близу 21 илјади тутунопроизводители. Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во тек е процедура за пребивање на долговите што ги имаат дел од тутунопроизводителите по различни основи, со сумата на субвенции што треба да ја добијат. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, 51 тутунопроизводител немаат валидни податоци за трансакциски сметки и матични броеви што е основен услов за да може да се реализира исплатата на субвенциите.

Минатата недела прилепските тутуунари се заканија со протести и други порадикални мерки доколку не им се исплатат парите за неколку дена.

Годинашната берба на тутун поради климатските промени почна порано од вообичаено. Договори со откупните компании склучиле околу 30 000 производители.

Лани беа откупени околу 25 000 тони по просечна цена од 196 денари по килограм.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close