fbpx
Вести

Субвенции во овоштарството

cresha

Овоштарите субвенциите ги добиваат по 3 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти.

Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари.

Највисоки се директните плаќања за јагоди одгледувани во контролирани услови кои изнесува 99.000 денари по хектар. По 33.000 денари следуваат за другите видови овошје, а за површини од 1 до 5 хектари поддршката е 39.600 денари за хектар.

Помала субвенција ќе добиваат одгледувачите на дуњи, мушмули, калинка, смоква, бадем и лешник од 25 до 30.000 денари во зависност од големината на површината.

Земјоделците за оревите и костените годинава ќе се добиваат субвенции од 15 до 18.000 денари за хектар.

За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку регистриран откупувач ќе се добиваат по 3 денари за килограм.

Овоштарите кои ја промениле сотата на овоштарникот во 2016 или 2017 година имаат право на 9.900 или 7.500 денари за хектар во зависност од културата.

 


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close