Годинава од јачменот се очекуваат приноси 3,5 тони по хектар

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Јачменот стаса за жетва. Земјоделците ги спремаат комбајните. Ако времето не им ги расипе плановите, оваа година порано ќе се жнее. „Очекуваме приноси од 3,5 тони од хектар” – велат земјоделци во штипско.

godinava od jachmenot se ochekuvaat prinosi 3,5 toni po hektar

 

Рекордни приноси ова година се очекува и кај пченицата. Над 3,5 тони од хектар.

Откупната не смее да биде пониска од производната цена – најавија од Министерството за земјоделство.

Ланската година беше една од полошите за производителите на жито. Сушата ги преполови приносите кај јачменот, откупот почна со 8,5 денари за килограм. Пченицата достигна просечна откупна цена од 10,5 денари за килограм. Оваа година од посеаните 80.000 хектари со пченица, во државата се очекува род од околу 300.000 тони пченица, со кои ќе се покријат 80% од домашните потреби за лебно жито.