fbpx
ВестиВино

Субвенции за амбалажа на вино

Винарските визби кои извезувале флаширано вино во 2015 година ќе можат да поднесуваат барање за субвенционирање на трошоците направени за амбалажирање на виното.

Право за користење на овие средства имаат правните лица регистрирани како преработувачки капацитет за производство на вино.

subvencii za ambalazha na vino

 

Финансиската поддршка изнесува 20 проценти од вкупната вредност на трошоците за стаклена амбалажа, тапи и етикети.

Доколку има поднесено повеќе барања отколку што има предвидени средства, платежната агенција ќе им даде предност на винариите кои први поднеле барање.

Огласот ќе трае до 15-ти јануари 2016 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close