Снегот и дождот  поволно ќе се одразат во земјоделското производство

(Oвој напис е објавен на: November 19, 2018)

 

Земјоделците ќе може да се издишат. После подолго време сушен период Пелагонија осамна под снежна покривка. На територијата на општина Битола наврнаа вкупно  41л дожд на метар квадратен. Дебелината н снежната покривка изнесува 10 см. Како што не информираа од  Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола , ваквата состојба поволно ќе се одрази на полјоделските култури. Снегот има голем процент на влага така што може да им наштети на овошките.

„ Врнежите од дожд и снег  во последните 24 часа поволно ќе се одразат во полјоделството, додека кај овошките може да предизвика  кршење на гранки. Според прогнозата на УХМР се очекуваат дождови и во текот на утрешниот ден. Тоа ќе овозможи да  се надополнат резервите на вода во почвата. Веднаш по создавањето на услови за влез во нивите земјоделците ќе може да продолжат со есенската сеидба . И покрај тоа што надминати се сите оптимални рокови за сеење, сепак искуството покажува дека се сеело и во месец декември“, вели Зоран Бардаковски раководител на Регионалниот центар на АПРЗ Битола.

Дневните температури се очекува да бидат меѓу 5 и 14 степени целзиусови.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Share Button