Вести
Субвенции за домашни раси добиток
Лани со дополнителни 1.500 денари биле финансирани 200 глави говеда од расата Буша.
Со плус 500 денари и 2.150 овци од расата праменка, исто толкава зголемена субвенција имало и за 500-тини кози од расата балканска .
Минатата година за субвенционирање од 2.500 денари биле пријавени и 21 македонски автохтон Шарпланинец.
Сточарите кои ги одгледуваат овие раси треба да имаат минимум 50 кози и овци и да бидат членови на Призната организација на одгледувачи.
Субвенционирањето е поради задржување на овие автохтони раси кои се на прагот на исчезнување и за оддржување на стадото до воведувањето на агро-еколошките мерки од ИПАРД Програмата каде се предвидуваат повеќе поволности за заштита на биолошката разновидност и природата.