Субвенции за домашни раси добиток
Сточарите кои одгледуваат домашни раси на добиток и оваа година ќе можат да поднесуваат барање за дополнителни субвенции. Покрај биволите и говедата од расата Буша, финансиски се поддржуваат и овците од расата Праменка и домашната Балканска коза.
Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари ќе се добиваат за говедата од домашната расата Буша. Плус 550 денари ќе се добиваат и за овците од расата Праменка и козите од расата Балканска.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози и кои имаат стадо од најмалку 50 грла.
И за домашниот Шарпланинец одгледувачите на овци и кози имаат право на 3.000 денари по куче.
Шарпланинците треба да имаат микрочип на денот на поднесувањето на барањето. Максимален број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство.
Субвенционирањето на овие автохтони раси кои иако не се со голема продуктивност е да се намали ризикот од нивното исчезнување од македонските села и пасишта.