Ореви за добро здравје

Употребата на еден грст ореви двапати неделно го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за речиси 25%. Ова го покажа најновата студија објавена од научниците на Универзитетот Харвард, кои исто така прецизираа дека конзумирањето на ореви по двапати неделно, ја намалува веројатноста за рана смрт од мозочен удар.

Научниците направиле испитувања за полезноста од оревите врз здравјето на повеќе од 200.000 луѓе. Во долгорочната студија, која траела 32 години, учествувале 210.000 медицински сестри и лекари. Секои две години ги пополнувале прашалниците, опишувајќи го нивниот животен стил и исхрана, промени во здравјето и нивните болести. За целото времиња имало 14.136 случаи на кардиоваскуларни нарушувања, 8390 срцеви заболувања и 5910 случаи на мозочен удар, од кои некои завршиле фатално.

Истражувачите веруваат дека фактор плус за подобар, поздрав и подолг живот кај испитаниците бил фактот дека конзумираат јадења во кои се вклучени ореви, но и бадеми, лешници, ф’стаци, кикирики и грав. Употребата на две или три порции овошје ја намалува веројатноста за развој на коронарна срцева болест и васкуларни заболувања за 23%.

 

 

 

Share Button