Привршува рокот за пријавување за субвенции за нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата трае од крајот на овој месец, а земјоделците кои инвестирале во ова производство ќе добиваат до 2,5 милиони денари финансиска поддршка…
До 30-ти јуни лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1-ви октомври до 31-ви декември минатата година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност дали се работи за млад земјоделец и дали овоштарникот или лозјето се наоѓаат во земјоделски неразвиено подрачје.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку 0,2 хектари и со соодветен број садници на културата која е посадена.
Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања од целата Програма за рурален развој.
Услов за да се добијат парите е овоштарите да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.
Барателите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на аплицирањето.