fbpx
Вести

Субвенции за плати на овчарите

Објавен е јавен повик за субвенционирање на платите на овчарите и одгледувачите на добиток. Надоместокот изнесува 100 проценти од просечната нето плата во дејноста. Ова важи само за вработените на фармите кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри. Под оваа граница субвенцијата е 60 проценти.

За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина над 700 метри сточарите имаат право на субвенционирање на платите.

Поддршката изнесува 100 проценти од просечната нето плата во оваа дејноста во периодот од 1-ви ноември 2016-та до 31-ви октомври 2017-та година.

Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 80 говеда.

Максималниот износ е до 300.000 денари по лице за најмногу 20 вработени.

Право на користење на оваа финансиска поддршка ги имаат регистрираните земјоделски стопанства. Бројот на вработени лица за кои е исплатена субвенцијата треба да е непроменет најмалку една година од нејзиното користење.

Оваа мерка се применува неколку години по ред и во просек се исплаќаат од 5 до 6 милиони денари годишно за да се задржат овчарите кои ги има се помалку за чување на македонските стада.

Повикот трае до 28-ми декември, а платежната Агенција ќе им даде предност на оние баратели кои го доставиле своето барање порано од останатите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close