вести

Нов откупно- дистрибутивен центар ќе се гради во Ресен

Во Ресен се нуди државно земјоделско земјиште за изградба на откупно- дистрибутивен центар. На огласот се понудени 4.800 квадратни метри кои се наоѓаат во катастарската општина Покрвеник.

nov otkupno distributiven centar kje se gradi vo resen

 

Парцелата која е дадена на јавниот оглас е наменска и на неа треба да се изгради откупно- дистрибутивен центар.

Минималната инвестиција е 200.000 евра со рок за изградба од 4 години, а доколку најповолниот понудувач планираните објекти не ги изгради навреме, договорот ќе престане да важи.

Критериумите за избор на најповолен понудувач се оддалеченоста од местото на живеење, понудена годишна закупнина по хектар и правниот статус на понудувачот.

Понудите се поднесуваат до Генерален на секретаријат на Владата во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас, односно од 20 февруари 2016 година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close