вести

Субвенции за складирање на пченица

Земјоделците кои сакаат да ја продаваат пченицата кога ќе постигне повисока цена на пазарот дотогаш можат да добиваат субвенции за дел од трошоците за складирање. Чувањето на родот можат да го направат во сите силоси со кои ќе склучат договори.

subvencii za skladiranje na pchenica

 

Финансиската поддршка за складирање на пченицата за покривање на дел од трошоците се однесува за период од 2 до 6 месеци.

Корисници можат да бидат земјоделци кои претходно имаат поднесено барање за субвенции за пченицата, договор за складирање, и имаат платено 20 проценти од трошоците.

Субвенцијата е 80 отсто од износот  за складирањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец.

Земјоделците за финансиската поддршка треба секој втор месец  да поднесуваат барања до платежната Агенција, а Агенцијата ќе ги исплаќа секој 60 дена.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close