fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во атар на село Породин излеан е канал и поплавена е живинарска фарма

Во атар на селото Дихово е излеана Диховска Река и поплавена е помала земјоделска површина

По обилните врнежи од дожд на подрачјето на општина Битола во атар на селото Дихово е излеана Диховска Река и поплавена е помала земјоделска површина. Исто така, излеан е канал кај Брусничко Лавчански регион 1. Во атар на селото Породин излеан е канал и поплавена е Живинарска фарма. Известени се надлежните субјекти и во моментов екипите се на терен.

Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема излевања на истите, освен во Битолскиот регион.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close