fbpx
ВестиСовети

Колку храна треба да јадете за да внесете доволно витамини?

 

Покрај тоа, некои витамини не е лесно да се примат само со внесување на овошје и зеленчук, пишува Bright Side.

1. Витамин А

Го забавува процесот на стареење, ја заштитува еластичноста на кожата и е одговорен за нашата способност да гледаме во темница. Недостатокот се манифестира со кршливи нокти и коса со раздвоени врвови. Се препорачува 1 мг дневно.

2. Витамин Б2

Ја прави нашата кожа нежна и здрава, а косата силна и свиленкаста. Недостатокот води до анемија и слаб имун систем, болни пукнатини околу устата. Се препорачува 1.8 мг дневно.

3. Витамин Ц

Значаен е за здрави коски и еластичност на кожата. Недостатокот лесно се препознава во состојбата на забите, првин доведува до крвавење на непцата па потоа и до губење на забите. Се препорачува 80 мг дневно.

4. Витамин Д

Овој витамин има важна улога во формирањето на нашиот скелет, ја нормализира работата на тироидната жлезда. Потребен е за правилна работа на срцето и за целиот нервен систем. Недостатокот може да доведе до рахитис кај децата. Препорачана доза е 2.5 микрограми.

5. Калиум

Калиумот е мал помошник на срцето. Недостатокот доведува до отоци и кардиоваскуларни болести. Дневната доза е 2.500 мг.

6. Калциум

Калциумот е главна компонента во коските и забите. Недостатокот води до „спонтано“ кршење на коските и деструкција на забите. Не може да биде апсорбиран без магнезиум, витамин Д и протеин. Дневната доза е 1.250 мг.

7. Железо

Железото и протеинските молекули креираат хемоглобин. Железото е одговорно за трансферот на кислород во крвта. Ниското железо води до анемија. Дневната доза е 15 мг.

8. Јод

Потребен е за правилна работа на тироидната жлезда, препорачаната доза е 150 микрограми дневно.


 

кајгана.ком

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close